Sunday, February 21, 2010
ЈАДЕЊА
"САРМА СО ЛИСТ ОД ЛОЗНИЦА"
"САРМА СО ЛИСТ ОД ЛОЗНИЦА"
"САРМА СО ЛИСТ ОД ЛОЗНИЦА"
"САРМА СО ЛИСТ ОД ЛОЗНИЦА"
"САРМА СО ЛИСТ ОД ЛОЗНИЦА"
"САРМА СО ЛИСТ ОД ЛОЗНИЦА"
"ГУЛАШ"
"ГУЛАШ"
"ТАВА ГРАВ"
Се зема една тегла грав (тетоски), се мие и се става во тенџере да зоврие. Првата вода се истура, потоа се налева млака вода,се внимава да не се става премногу вода за да биде варениот грав погуст. Се сечка на коцкички една главица кромид, се додава во тенџерето со грав и се додава пола финџал масло за јадење.Се вари гравот на тивко, но се внимава да не се превари многу. Кога е варен се загрева пола филџан масло за јадење, но се внимава да не биде прегреано, се става пола лажица црвен пипер и се става во варениот грав, се остава да повари уште малку и се посолува со сол (не вегета или зачин) по желба.Потоа се истура во земјена тава или бронзена, одозгора се редат неколку обарени црвени пиперки, или може да се стават печени лупени пиперки. Се става во загрена рерна и се потпечува, но пак се внимава да не се пресуши печејќи, туку да биде сочна.Кога ќе се извади од рерна по желба се посипува со сецкан магдонос. Додека се пече се земаат неколку чешниња лук и ситно се сецкаат. Во тавче се загрева масло, при тоа се внимава да не биде прегреано, бидејќи пиперот ќе изгори, а ако е прегреано се остава да се олади малку и се додава пола лажица црвен пипрер, по можност домашен, се додава сечканиот лук и со оваа смеса се полева гравот.
"ПОДВАРОК"
За ова јадење потребно е кисела зелка една поголема главица или две помали и околу 1 кгр свински ребра, буткица, суво месо или по желба, смо да е месото помрсно. Исто така може да се прави и со месо од кокошка.
Јас практикувам пред подготовка да го измијам купусот со вода, се цеди убаво, а потоа се сецка. Пред да се стави во теџерето ако има течност, со раце се стиска да излезе течноста и се става во тенџере пола од смесата, потоа се реди месото, одозгора се додава остатокот од купусот. Понекогаш ставам малку сецкан кромид. Се налева со пола чаша масло или една лажица маст. Се става на тивко на рингла да се вари, додека омекне купусот и месото при тоа ќе се свари.Потоа се истура во тавче за печење одозгора се посипува со мелен црн пипер.При печењето се промешува два-три, но се внимава купусот да биде над месото. На крај се става месото над купусот за да се потпече и малку да се вцрви.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment