Sunday, February 21, 2010

РАЗНО


ПЕЧЕНА ТИКВА

Се зема една тиква (балка), ако е голема може пола, се сече на парчиња, се чисти од семките, се мие и се реди во плех за печење. Во плехот се става 1 финџал вода и се пече во загреана рерна 200-250степени, додека убаво се испече.

ЗИМНИЦА


"ЉУТИ ПИПЕРЧИЊА"

ЈАДЕЊА


"САРМА СО ЛИСТ ОД ЛОЗНИЦА"

"САРМА СО ЛИСТ ОД ЛОЗНИЦА"

"САРМА СО ЛИСТ ОД ЛОЗНИЦА"

"САРМА СО ЛИСТ ОД ЛОЗНИЦА"

"САРМА СО ЛИСТ ОД ЛОЗНИЦА"

"САРМА СО ЛИСТ ОД ЛОЗНИЦА"



"ГУЛАШ"

"ГУЛАШ"




"ТАВА ГРАВ"
Се зема една тегла грав (тетоски), се мие и се става во тенџере да зоврие. Првата вода се истура, потоа се налева млака вода,се внимава да не се става премногу вода за да биде варениот грав погуст. Се сечка на коцкички една главица кромид, се додава во тенџерето со грав и се додава пола финџал масло за јадење.Се вари гравот на тивко, но се внимава да не се превари многу. Кога е варен се загрева пола филџан масло за јадење, но се внимава да не биде прегреано, се става пола лажица црвен пипер и се става во варениот грав, се остава да повари уште малку и се посолува со сол (не вегета или зачин) по желба.Потоа се истура во земјена тава или бронзена, одозгора се редат неколку обарени црвени пиперки, или може да се стават печени лупени пиперки. Се става во загрена рерна и се потпечува, но пак се внимава да не се пресуши печејќи, туку да биде сочна.Кога ќе се извади од рерна по желба се посипува со сецкан магдонос. Додека се пече се земаат неколку чешниња лук и ситно се сецкаат. Во тавче се загрева масло, при тоа се внимава да не биде прегреано, бидејќи пиперот ќе изгори, а ако е прегреано се остава да се олади малку и се додава пола лажица црвен пипрер, по можност домашен, се додава сечканиот лук и со оваа смеса се полева гравот.







"ПОДВАРОК"
За ова јадење потребно е кисела зелка една поголема главица или две помали и околу 1 кгр свински ребра, буткица, суво месо или по желба, смо да е месото помрсно. Исто така може да се прави и со месо од кокошка.
Јас практикувам пред подготовка да го измијам купусот со вода, се цеди убаво, а потоа се сецка. Пред да се стави во теџерето ако има течност, со раце се стиска да излезе течноста и се става во тенџере пола од смесата, потоа се реди месото, одозгора се додава остатокот од купусот. Понекогаш ставам малку сецкан кромид. Се налева со пола чаша масло или една лажица маст. Се става на тивко на рингла да се вари, додека омекне купусот и месото при тоа ќе се свари.Потоа се истура во тавче за печење одозгора се посипува со мелен црн пипер.При печењето се промешува два-три, но се внимава купусот да биде над месото. На крај се става месото над купусот за да се потпече и малку да се вцрви.

Wednesday, February 10, 2010

ПИТИ И ПЕЦИВА










БОЖИЌНИ СОЛЕНКЕ








"ПЕРЕЧИЊА"









"ПИРОШ ПИТА"








"КОЛПИТЕ"








"КИФЛИЧИЊА"(посни кроасани)
За подготовка на овие посни кифлички потребно е околу 1 кгр брашно, пола литар топла вода(пола минерална, пола обична), една чаша од 2 дл масло, 2-3 лажичиња шеќер, 1 лажица сол, 1 коцка квасец (40 гр), 1 маргарин "кристал".
Во пола чаша топла вода и 1 лажичка шеќер се става квасецот и 3-4 лажичиња брашно да надојде.Се промешува и пак се остава да надојде.
Се замесува средно меко тесто од брашното,маслото, водата, останатите состојки и надојдениот квасец. Се остава на топло да одмара и при тоа неколку пати се премесува. Се дели на 4 дела. Секој дел се дели на по 8 топчиња, се сучат катмерчиња и се премачкуваат (7) со маргарин, осмото се става одозгора, се притиска малку и се става настрана, постапката се повторува со остнатите точиња. Се развлекува кора од осумте катмерчиња поголема и се дели на 16 дела. Се виткаат кифлички, се редат во плек за печење премачкан со малку маргарин. Се оставаат да надојдат убаво покриени со платнена салфета, но не на многу топло, за да не се стопи маргаринот. Бидејќи се посни не се премачкуваат со ништо,се ставаат во загреана рерна (250 степ.), а по некое време се намалува температурата и убаво се печат.Од оваа количина излегуваат два плека кифлички, кои по желба можат и да се смрзнат.





Изгед пред печење















































ИСЌИПИТЕ
За оваа пита потребно е 1 коцка свеж квасец и 1 лажичка шеќер да се раствори во малку топла вода со малку брашно и се остава да ндојде квасецот.Потоа се замесува тесто од пола литар топла вода, а може да се додаде и еден дел млеко, 1 лажица сол, 1 филџан масло и брашно по потреба и надојдениот квасец. Се меси убаво средно меко тесто и се остава да кисне. Се размесува и се дели на 16-18 топчиња, се сучат катмерчиња, и се премачкуваат со мешавина од маргарин и маст, 2 пати по пет катмерчиња и 2 пати по 4 катмерчиња. Се расукува прво една кора од петте катмери и се става во подмачкан плех за печење, се прска со масло,се посипува со сирење или урда, се става втората кора,па сирење, па третата кора, пак сирење и на крај се става кората од останатите пет катмери. Се сечат роммбови и се остава на топло да скисне. Се посипува со мешавина од маргарин и маст, се прелива со две матени јајца и се поросува со сусам. Се става во загреана рерна и се пече прво на појака температура, а потоа на пониска убаво да се испече.Се служи со кисело млеко или павлака, како топла така и ладна.

Sunday, February 7, 2010

ТОРТИ И КОЛАЧИ


КРОФНЕ


КРОФНЕ


КРОФНЕ


КРОФНЕ


КРОФНЕ



ТОРТА ШУШКАВЕЦ


ТОРТА ШУШКАВЕЦ



ПАРЕНИ ПОЛЖАВЧИЊА


ПАРЕНИ ПОЛЖАВЧИЊА


"ПАРЕНИ ПОЛЖАВЧИЊА"



"МИЛИБРОД"

"МИЛИБРОД"

"МИЛИБРОД"

"МИЛИБРОД"

"МИЛИБРОД"

"МИЛИБРОД"

"МИЛИБРОД"



"ПАРЕН КОЛАЧ"

"ПАРЕН КОЛАЧ"



"МАРШАЛИ"





















"ШТРУДЛА СО ЈАБУКЕ"
















"NAZLIFATME"





"ТУЛУМБЕ"








"ОРАСНИЦЕ"
За овие вкусни колачи потребни се 3 белки, 200 гр шеќер во прав, 125 гр мелени ораси, 125 гр сецкани ораси и 1 лажица брашно.
Белките се матат со 200 гр шеќер на пареа или на рингла на тивко.Кога смесата ќе се згусне се додава 125 гр мелени ораси и 1 лажица брашно и се трга на страна да олади. Потоа се зема со лажиче од смесата и се валка во 125 гр сецкани ораси се формираат кифлички и се редат во плех обложен со "пеки хартија". Се печат на тивко отприлика на 130-150 степени околу 40-60 мин.(во рецептот пишува 15 мин. на 150 степени).
Се печат во голем плех од шпорет. Излегуваат од 35-40 парчиња.








"ГУРАБИЈЕ СЕЛСКИ"
2-3 јајца
1 чаша од (од 2 гр.)шеќер
1 чаша кисело млеко или јогурт
1/2 чаша масло за јадење или 1 полна лажица свинска маст
1 лажица сода бикарбона (рамна)
брашно по потреба
По желба може да се додаде и 1 лажица мед.
Се замешува маста со дрвена лажица, се додаваат јајцата, потоа млекото, содата и брашното. Се меси мазно тесто но да не биде многу тврдо.
Потоа се расукува кора дебела како малиот прст и со модла се вадат разни фигури. Јас ги сечам со чаша за да бидат токму такви како што ги правеле мојата баба и мајка.
Секое колаче со горната страна се мацка во кристал шеќер (не мора) и се реди во плех голем од шпорет кој не се премачкува со ништо.Се печат на 200-220 степени додека се зацрват (не треба да се препечуваат, ќе бидат тврди)и се вадат од рерна. Кога ќе остинат се ставаат во пластична кутија и остануваат меки. Може да стојат подолго време.








"КРЕМПИТЕ"
Се замесува тесто како за пита со 1/2 литар ладна вода, 1 финџал масло за јадење, два прста сол, брашно 800-900 гр. Се меси мазно тесто и се остава да одстои 20 мин. потоа се дели на три дела. Секој дел се расукува во правоаголник и се премачкува со маргарин како лиснато тесто. Се преклопува од едната, па од другата страна, од горната па од долната страна и се става во фрижидер да одстои барем 30 мин.Така се постапува и со останатите два дела. За ова се потребни два мргарина. Постапката се повторува уште два пати.
Потоа се суче кора колку голем плех и се става во подмачкан плех со малку маргарин, се боцка кората на неколку места со вилушка и се пече во загреана рерна, како секое лиснато тесто.Откако ќе се испечат корите се подготвува фил.

Се прави крем од 2 литри млеко(може и дваипол литри)со 500 гр шеќер, 150 грама нишесте и 150 гр. брашно, предходно разматено во малку млеко. Се вари густ крем и се додава 2-3 пакетчињ ванилин шеќер. Откако ќе се олади кремот се меша со 250 гр. изматен маргарин, убаво се меша со миксер и се филувааат корите. Се става од филот на првата и на втората кора . Се сече крем питата, се поросува обилно со шеќер во прав и се става во фрижидер да се стегне кремот.








"ПОСНИ ПАРЕНИ КОЛАЧИ"
За овие колачи потребно е: 2 финџали млака вода, малку шеќер, 1 квасец, 3 финџали пшеничен гриз, 3 финџали масло, брашно по потреба, 1 прашак за пециво
За шербет: 600 гр. шеќер, 600 мл вода, 1 ванилин шеќер,(се става за зоврие 3-4 мин. се додава ванилин шеќер)
Во водата се става квасецот да надојде со 1 лажиче шеќер и неколку лажичиња брашно. Потоа се замесува меко тесто со останатите состојки, се остава 10-15 мин. да одмори. Се прават топчиња со рака малку се плескаат и по желба се става по една јатка ореви и се притиска да навлезе во тестото.Од прилика се добиваат околу 25 колачиња. Се печат веднаш во загреана рерна додека да се вцрват. Се парат колачите ладни, шербетот вруќ.Лесни за подготовка, а вкусни за јадења.







"ПОСНА ТОРТА"
Како мерка за состојките на оваа торта се користи лонче или чаша од 250 мл.
Потребное:
едно и пол лонче шеќер
- " - вода
- " - масло
3 лончиња брашно, 1 прашок за пециво,едно и пол лажиче сода бикарбона, 1 ванилин шеќер, кора од лимун, 5 лажици мелени или сецкани ореви, 2-3 лажици мармалад
Сите овие намирници се ставаат во еден сад и убаво се мешаат со дрвена лажица, додека да се добие еднолична маса. Смесата се истура во тавче бр. 40 по можност правоаголно, предходно премачкано со маргарин и се остава да одстои 1 и пол час. Се става да се пече на тивко во средно загреана рерна и се остава да се испече убаво. Се проверува дали е печена со чачкалица, а се познава дека е печена кога ќе се одвои тортата од зидовите на тавчето.
Се сече додека е млака, по желба може да се посипе со шеќер во прав.






"ПОСЕН СУТЛИАШ"
За овој сутлијаш потребно е 1 чаша ориз крупен, вода и шеќер од прилика,2-3 лажици оризово млеко во прав (оваа материја е посна и може да се користи и во врене на пост без зејтин)), 1 ванилин шеќер, малку цимет, по желба посна чоколада
Се става во едно тенџере вода околу 1 л за се загрее, се додава оризот и се меша да не се залепи и се вари на тивко. При варењето може да се додава вода, а пред крај се додава оризово млеко во прав и шеќер по вкус. Не се прави многу густ, бидејќи кога ќе се олади ќе се згусне. Пред да се извади се додава ванилиниот шеќер. Се става во чиниичиња и се посипува со малку цимет. По желба може да се добие чоколаден сутлијаш, ако во готовиот сутлијаш се додаде 2 штангли посна чоколада или 1 лажиче какао.При варењто на сутлијаш посен или мрсен додавам неколку капки сок од лимон за да не се слепуваат зрната.

















































"АЈЉУЃЕН"
За подготовка на ајљуѓенот потрбни се следните намирници:
5 јајца, 3 финџали зејтин(масло), брашно по потреба (околу 1 кг)
Шербет: 1,25 кг шеќер и 1,25 литар вода, 1 ванилин шеќер
Се матат јајцата со (но не како за торта, туку помалку), се додава зејтинот и водата и се замесува средно меко тесто со брашното. Се остава да одмара околу 1 час покриено со јаглаче. Потоа се дели на 8-10 дела, а од секој дел се формираат по три топчиња. Се рсукуваат катмерчиња и по три се ставаат едно на друго. Помеѓу катмерчињата се става нишесте или може да се премачкуваат со растопен маргарин. Се расукува тенка кора, се попрскува со мешавина од масло и растопен маргарин или путер, се формира ајљуѓен (плик)и се става во подмачкан плех.Така се постапува и со останатите кори, се попрскува со масло и се пече во загреана рена. Печениот ајљуѓен се попарува со ладен шербет. За шербетот се става водата и шеќерот да вриат околу пет мин. и на крај се додава ванилинио шеќер.





"ЕДНОСТАВЕН КОЛАЧ"
Подготвување

12 лажици шеќер
12 лажици млеко
12 лажици масло (зејтин)
12 лажици брашно
1 прашак за пециво,
1 ванилин шеќер
кора од лимон
1 лажица какао
шеќер во прав за поросување

Со миксер се матат белките во цврст снег, се додава шаќерот се мати, потоа се додаваат жолчките и кога сето тоа убаво ќе се измати се додава млекото, маслото и на крај се додава брашното во кое има прашок за пециво и кора од лимун и убаво се меша со лажица. Се става во модла или обичен плех премачкан со маргарин, но се остава малку од смесата во која се додава 1 лажица какао и се истура врз жолтата смеса и со лажица се промешува. Се пече на тивка температура во загреана рерна. Ако се пече во куглов се пече подолго време и на пониска температура (околу 170 степени). Откако ќе се испече се вади од модлата ,се поросува со шеќер во прав или се ства чоколадна глазура.